Magic School
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Magic School

Welcome!This is Magic shool and you will be happy and you will meet new friends!
 
HomeHome  Latest imagesLatest images  SearchSearch  RegisterRegister  Log inLog in  

 

 Rebelde Way

Go down 
2 posters
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin
Admin


Posts : 1201
Join date : 2009-04-09
Age : 30
Location : *SkOpJe*_*DrAcEvO*SiTy*

Rebelde Way Empty
PostSubject: Rebelde Way   Rebelde Way EmptyThu Apr 16, 2009 4:44 pm

Жанр тинејџерска, теленовела мјузикл
Создадено од Крис Морена
Мартин Маријани
Улоги
Кетрин Фулоп
Мартин Сифелд
Камила Бордонаба
Бенхамин Рохас
Луисана Лопилато
Фелипе Коломбо
Музика од Крис Морена
Најавна песна Rebelde Way (Сезона 1, 2003), Tiempo (Сезона 2, 2004)
Земја на потекло Аргентина
Јазик Шпански
Број на сезони 2
Број на епизоди 318
Продукција
Продуцент Крис Морена
Време на емитување 45 минути
Емитување
Канал на емитување телефе

Млади бунтовници (шпански: Rebelde Way) е хит тинејџерска аргентинска теленовела. Серијата е снимена во Аргентина, во текот на 2002/2003 година, во две сезони. Стекнала многу популарност и надвор од нејзините граници. Во текот на последните години, снимени се и две верзии на оваа тинејџерска серијa.


Синопсис

Група на тинејџери се здружува заедно во едно елитно средно училиште и иако се различни по карактер и социјален статус, сите тие заедно формираат музичка група која ќе стане популарна во нивната околина. Со групата, доаѓаат и сплетките, љубомората, зависта, но и љубовта како составен дел од тинејџерскиот живот.
Серијата стекнала голема популарност во Арегнтина и во соседните земји на Јужна Америка, а со тоа и групата „Rebelde way“ станала популарна во музичките кругови.
Серија која се разликува од досегашните по својата динамичност, интересно сценарио и хумористични елементи.


Прва сезона

Миа пред цело училиште изведува стриприз, бидејќи нејзиниот татко Франко не дошол на завршната приредба. Пабло после приредбата бега во куќата на Томас, бидејќи не сака да оди со родителите во Лондон. Тие двајца излегуваат со девојки и доживуваат сообраќајна несреќа и Пабло завршува во болница. Соња ја запишува Марица во Elite Way. Марица оди во училиштето и веднаш и станува непријателка на Миа. Мануел доаѓа од Мексико и во Аргентина ја запознава Луна и нејзината тетка Сандра. Серхио сака да го тужи Пабло заради автомобилската несреќа. Но, поради мајката на Пабло, Мора , Серхио се одлучува да му помогне.

Цела следна трета година иде на школска екскурзија. Таму доаѓа и Пилар, омразената ќерка на директорот. Таа одлучува на сите да му се одмазди и почнува да објавува "училишни новости", во кои пишува трачеви за другите. Другите се сомневаат дека тоа го пишува Марица. Пабло и се заканува дека ќе ја турне во водата ако не престане да пишува трачеви за него. На вечерата, Луна пронаоѓа нови пколски новости. Пабло и вели дека е готова, ако нешто напише за него. Во новостите пишува дека гитарата на Пабло е фрлена во вода. Марица го искористува моментот на невнимателност на Пабло и бега од летувалиштето.

Почнува учебната година. Еден новинар на Марица и го носи Начо, едно напуштено дете. Таа се грижи за него и го крие во школскиот двор. Наскоро Пабло открива што се случува. Кога Пилар дознава дека Марица го крие Начо, таа тоа го објавува во школските новости. Социјалната служба го носи Начо, но го посвојува Пепа, аистентката на Соња. Мислејќи дека Пабло е виновен за се, Марица праќа една негова песна на радио. Серхио му се лути на Пабло, но Томас го спасува кажувајќи дека тој ја пратил песната.

Мануел се вработува кај Франко, што и пречи на Миа. Фели се забавува со Мануел и му праќа разни скапи подароци. Никој не го оптужува Мануел дека е со Фели само од корист. Кога Мануел раскинува со неа, Фели е многу тажна и паѓа во депресија.

Заради неплатени сметки во клубот, настанува групата Erreway. Првите членови се Мануел, Марица и Пабло, а Нико им е менаџер. Марица наоѓа на друг женски член, Фели. Миа го моли Гвидо да излезе со Фели, а таа за возврат ќе излезе со него. Но, пред самиот прв настап, Фели им се лути на Миа и Мануел бидејќи и се мешат во животот и одбива да настапи. Како нејзина замена оди Миа, а тие во клубот ја изведуваат песната "Sweet Baby". Членовите одлучуваат Фели да остане во бендот, што многу ја натажува Миа. Франко почнува да излегува со Мерседес, жената која ја остави пред многу години заради Марина, мајката на Миа. На Миа тоа не и се допаѓа и сака Мерседес да го остави Франко. Миа одлучува да пишува песни за групата.

Марица и Пабло глумат дека се пар за еден кон друг да ги тргнат родителите од вратата, но и да ја сокријат групата. Но, таман пред да се случи она вистинското, се појавува Спирито и ја носи Марица на месец дена во Италија. Кога таа се враќа, Пабло има нова девојка,Паола. Лухан му праќа на Маркос љубовни писма и се потпишува како Марица.Марица и тој почнуваат да излегуваат. Миа му станува девојка на Блас, училишниот надзорник. Соња почнува да излегува со Лука, младиот брат на Франко. Франко се труди да ја спречи таа врска. Мерседес бара нови начини да ја налути Миа. Мануел излегува со Хулиета, чиј бивши дечко бил член на Ложата. Маркос се зачленува во Ложата зада открие нешто повеќе за нив. Тој дознава дека во трета година има уште еден член. Нико, Мануел и Маркос сфаќаат дека е член или Гвидо или Томас. Пабло открива дека на Паола и е платено да биде со него, што многу го повредува. Марица и Лука одат на трка со коли, каде го запознава Симон, кој се замерува со Марица. Мануел почнува да излегува со помладата сестра на Мерседес, Лус. Лус открива дека Миа е во бендот и му праќа писмо на Франко во кое го известува за тоа. Третата година ја разоткрива Ложата. Гвидо ќе биде исфрлен од училиштето, а Сантијаго му помага да се врати. Маркос се наоѓа во болнива, бидејќи Ложата се обидила да го убие. Тој се заљубува во Лухан, која открива дека тоа е обострано. Франко и забранува на Миа да пее во бендот. Со помош од професорот Сантијаго, третата година ја разоткрива Ложата. Гвидо се враќа во училиштето. Пабло и Томас се обложуваат дека Пабло ќе успее да ја заведе Марица. Марица почнува да излегува со неговиот другар Факундо. Факундо и таа треба да се тркаат против Симон. Пабло сака Марица да се трка со него, затоа ги праќа луѓето на татко му да му ја одземат колата на Факундо. Марица дознава за тоа и побеснува. Пабло и вели дека тоа го направил само да се трка со неа и ја бакнува. Марица и Пабло некое време се пар, а раскинуваат кога Марица дознава за кладбата. Лухан и Маркос стануваат пар, како и Нико и Луна. Миа и Мануел глумат пар пред Франко. Марица и Миа го прославуваат роденденот. Блас ја открива вистината за Маниел. Иако најпрвен се шокирани од вистината, Франко и Миа одлучуваат дека не можат туку така да го избркат Мануел, бидејќи сепак тој се покажал прекрасно момче. Тие му откриваат на Мануел за тоа и дека Франко не е крив, туку чичкото на Миа, Лука. Лука одлучува да замине во Шпанија, и оди таму, претходно раскинувајќи со Соња. Групата е спремна за големиот настап во театарот Grand Rex. После настапот, родителите и училиштето дознаваат за Erreway. Училиштето им се заканува дека ќе ги избрка ако и понатаму имаат група. Тие наводно прифаќаат да се распадне групата. Но, по идеја на Соња, тие и понатаму ќе имаат група, но само ќе ја кријат. Марица открива дека Симон има дете, но неа тоа не и пречи. Симон сепак одлучува да и се врати на старата девојка, заради детето, и тие двајца раскинуваат. Марица и Пабло прифаќаат да одржуваат пријателски односи заради групата. Пабло оди со другарите на летување, а Марица со Лухан и Маркос на планинарење по Андите. Луна и Нико го напуштаат очилиштето и одлучуваат да се венчаат. Сантијаго дава отказ во школото, и со својата свршеница, професорката Рената, одат во Африка да ги подучуваат сиромашните деца. Мануел оди во Мексико, а во неговиот авион влегува и Миа, и тие двајца стануваат пар.
Back to top Go down
https://magicschool.rpg-board.net
DaviD
Moderator
Moderator
DaviD


Posts : 318
Join date : 2009-04-11
Age : 27
Location : Предавам Во Магична Школа

Rebelde Way Empty
PostSubject: Re: Rebelde Way   Rebelde Way EmptyThu Apr 16, 2009 7:31 pm

Лееллеле ваква серија никогаш не сум гледал ,преубаваааа.
Back to top Go down
Admin
Admin
Admin
Admin


Posts : 1201
Join date : 2009-04-09
Age : 30
Location : *SkOpJe*_*DrAcEvO*SiTy*

Rebelde Way Empty
PostSubject: Re: Rebelde Way   Rebelde Way EmptyThu Apr 16, 2009 7:53 pm

Rebelde Way 270712 se slozuvam so tebe Very Happy
Back to top Go down
https://magicschool.rpg-board.net
Sponsored content





Rebelde Way Empty
PostSubject: Re: Rebelde Way   Rebelde Way Empty

Back to top Go down
 
Rebelde Way
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» REBELDE(RBD)
» Rebelde...
» Rebelde Way

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Magic School :: COOL зона :: Серии и филмови-
Jump to: